Интернет страната na.org.mk користи т.н. колачиња (cookies) кои се неопходни за непречена работа на веб страницата.
Исто така, покрај неопходните колачиња би сакале да примениме и аналитички колачиња и колачиња за маркетинг, за кои ни е потребна Ваша согласност. Согласноста можете да ја дадете одвоено за посебна намена или пак за сите одеднаш.
Со одбирање на полето „се согласувам“ Вие ја давате Вашата согласност за сите видови на колачиња: неопходни, аналитички и колачиња за маркетинг. Со одбирање на полето „не се согласувам“ Вие не се согласувате со користење на аналитички колачиња и колачиња за маркетинг.
Аналитички
Аналитичките колачиња овозможуваат следење и анализирање на активностите на корисникот на веб страницата за подобување на функционалноста на веб страницата, односно на нашите услуги. За анализа се употребуваат алатки на Google Analytics.
Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)
Пријавете се на нашиот newsletter за да добивате информации за новости и акциски понуди.
Ова поле е задолжително.
Се согласувам дека Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје ги користи моите лични податоци од оваа форма за директен маркетинг (информирање за новости и специјални понуди) преку е-пошта.
Податоците ќе бидат обработени во согласност со важечките закони со кои се регулира заштитата на личните податоци. Можете да ја повлечете Вашата согласност во секое време. Повеќе информации се достапни
тука
Големина на фонт
Контраст
Јавна установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје
Јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар Скопје е формирана во 2007 година, по поделбата на Јавната здравствена установа-Универзитетски клинички центар-Скопје.
Дејноста на Јавната установа е да извршува работи и услуги од заеднички интерес за јавните здравствени установи универзитетски клиники, заводот и ургентниот центар кои произлегоа од поделбата на Јавната здравствена установа-Универзитетски клинички центар-Скопје.
Како работи од заеднички интерес се подразбира извршување на работите и услугите во делот на централната стерилизација, комерцијално-фармацевтски работи, исхраната на болните, телефонска централа, одржување на слободните површини, организација при собирање, транспорт и депонирање на комунален и медицински отпад, компјутерско-информатички работи, работи за обезбедување и заштита на имот и лица, користењето и одржувањето на паркинг просторот, набавки на лекови, медицински материјал, ситен инвентар, опрема, медицински помагала и сл. кои самостојно врз основа на своја одлука и јавен тендер, согласно Законот за јавните набавки ги вршат јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар настанати со поделбата на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар-Скопје, ако јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар донесат одлука да се здружат во одредени јавни набавки и други заеднички работи за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар.
Работите и услугите, Јавната установа ги извршува и за субјекти кои ги користеле овие услуги и пред поделбата на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар - Скопје или се наоѓаат во кругот на Јавната здравствена установа Универзитетски клинички центар - Скопје.
Работите на Јавната установа ги обезбедува врз основа на склучени договори со кои се уредуваат меѓусебните односи меѓу Јавната установа и субјектите кои ги користат услугите, а особено обемот и видот на услугата, начинот и роковите за нејзиното вршење, цената на услугата, начинот на плаќањето како и правата и обврските на двете страни кои произлегуваат од тој договор.